Заспала со настинка, се разбудила без сеќавање: Не ни знаела дека има опасна болест!

Сподели со своите пријатели

Британката Клер Мафет Рис легнала една вечер во 2021 година со симптоми на настинка, следното утро паднала во кома која траела 16 дена, а кога се разбудила не се сеќавала на ништо од претходните 20 години.

Loading...

Клер, нејзиниот сопруг и двата сина раскажаа за овој тежок период за британскиот Канал 4 и објаснија дека Клер всушност имала енцефалитис или воспаление на мозокот, поради што ја изгубила меморијата.

– Клер имала настинка околу две недели, која и ја пренел помалиот син. Постепено, нејзината состојба почнала да се влошува и таа станувала сè полетаргична.

– Една вечер си легна, а следното утро не можев да ја разбудам – ​​рекол нејзиниот сопруг Скот.

 

 

Клер била итно пренесена во болница каде и била приклучена на респиратор. На почетокот лекарите се посомневале дека има крварење во мозокот, но тестовите утврдиле дека се работи за енцефалитис.

Loading...

– Иако знаев дека имам деца кои ги сакам и ги препознавам, не можев да се сетам на раѓањето, нивните родендени, нивниот прв училишен ден, што им се допаѓа или што не. За среќа, се сетив на сите луѓе што ги познавав. Не знам како Скот би издржал ако го третирав како странец. Кога станува збор за моите изгубени спомени, сѐ уште има мали шанси да се вратат, но ако не, ќе морам да направам многу нови среќни спомени“, изјави Клер за The Sun.

Енцефалитис е акутно воспаление на мозокот кое најчесто е предизвикано од вирусна инфекција или некоја автоимуна болест.

Енцефалитисот може да биде опасен по живот ако симптомите не се препознаат навреме и ако не се побара итна медицинска помош.

Енцефалитисот може да ги зафати луѓето од сите возрасти, а најранливата група ги вклучува доенчињата, имунокомпромитирани лица и постарите лица.