Бразилец на бизарен начин го прослави укинувањето на мерките: „Ако не ми треба маска, не ми требаат ниту уши“

Сподели со своите пријатели

Бразилецот Мишел Фаро до Прадо, кој е попознат по прекарот „Човечки сатана“ поради бројните модификации на неговото тело, реши на екстремен начин да го прослави олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Loading...

Имено, тој решил да си ги отсече ушите за да го прослави фактот дека истите тие уши повеќе нема да мора да се лепат за неговата маска, која стана една од најчестите предмети со кои излегувавме од домот во последните две години.

Ова не е прв радикален потфат на овој Бразилец на сопственото тело. Веќе има бројни тетоважи и пирсови, ги оперира носот и забите, а новата корекција ја сподели со следбениците на својот Инстаграм, пренесува „Индекс.хр“.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by DIABÃO PRADDO 👿🇧🇷❤️🏳️‍🌈 (@diabaopraddo)

 

Заедно со објавата на која се гледа маската и отсечените уши, тој напиша: „Ако веќе не ми треба едното, тогаш можам да се ослободам од другото“.

Неговите следбеници на Инстаграм беа доста заинтересирани за најновата трансформација на Прад, а тој трпеливо одговараше на повеќето прашања.

Loading...

Така напишал дека веќе ништо не го боли и дека бил под анестезија за време на операцијата и дека нема да има проблем со носење наочари бидејќи тие најчесто се држат на лицето со помош на носот.

Дополнително, напомена дека и покрај тоа што веќе нема уши, сепак добро слуша.