Loading...
Приведен е шеесет и двегодишен кумановец кој се сомничи дека на 21-годишен сограѓанин му дал фалсификувана банкнота од 500 евра при размена на девизи.
– На 13.04.2022 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Т.(62) од Куманово. Тој се сомничи дека на 12.04.2022, при размена на пари, на 21-годишен маж од кумановско село му дал фалсификувана банкнота од 500 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Пожарникарите ќе имаат пункт кај Спомен Костурница, полицијата да ангажира позорникари
Никола Ивановски