Двајца кумановци на возраст од 40 години биле приведени ноќва додека се обидувале да украдат предмети од објект во изградба.
Loading...
– На 14.04.2022 во 02.00 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Е.П.(40) и Т.Т.(40) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што појаснуваат од кумановскат аполиција, тие биле затекнати при обид да одземат предмети од објект во изградба.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски