Италијанка која го пропуштила формалното образование поради Втората светска војна се вратила во училница – на 90-годишна возраст.
Мурџија е најстариот човек во класот во кој учи за испитот наменет за деца од ниско средно образование.
Редовно оди на настава, во вечерното училиште во близина на нејзината куќа во Долијанова на Сардинија.
– Сакам да учам, секогаш ми се допаѓаше – изјави таа за Il Messaggero и додаде:
– Но, кога изби војната, сѐ се смени кај мене. Морав да одам на работа, бидејќи моето семејство се мачеше и морав да се жртвувам, некогаш можеа да учат само оние што имаа пари – додаде таа.
Мурџија изјавила дека научила да шие кога била мала и дека станала шивачка. Но, таа читала многу книги, па учела сама, секогаш кога можела.
Нејзините страсти се историјата и музиката:
İkinci Dünya Savaşı nedeniyle eğitim alamayan İtalyan Annunziata Murgia, diploma almak için okula geri döndü.
90 yaşındaki Murgia, ortaokul diploması için okula giden en yaşlı insan oldu. via @t24comtr pic.twitter.com/5mjPnZ5TGo
— Vaziyet (@vaziyetcomtr) April 13, 2022
– Отсекогаш сум ги сакала историските книги, а бидејќи сум доживеала добар дел од историјата за која се пишува во книгите – ги видов последиците од Првата светска војна и ја преживеав Втората – вели Мурџија.
Најмладиот соученик на Мурџија има 16 години. Полагањето на испитот кој вклучува тестови по италијански јазик и литература, како и математика е неопходно за напредување во високото средно образование кое завршува во Италија на 18 години.
Марина Пилија, професорка по училишна литература, ја опиша Мурџија како многу страстен и ангажиран ученик:
– Иако има потешкотии со слухот, а и пред неколку дена не беше во најдобра форма поради пад, таа активно учествува во наставата, особено по историја – изјави наставничката Пилија.
Училиштето главно се занимава со образование на возрасни. Просечната возраст на учениците во класот на Мурџија е 40 и повеќе години, од кои некои се подготвуваат и за диплома.
– Често се работи за жени кои сакаат да го продолжат образованието по раѓањето на децата или пак се луѓе кои никогаш не се стекнале со диплома и им треба за работа, бидејќи тоа е минималниот услов – рече Пилија.
Последната личност од возрасната група на Мурџија која полагала на училиште била 87-годишна жена и тоа во 2016 година.
Мурџија рече дека нејзините учители се „фантастични“ и дека нејзините соученици се „како внуци“.
„Некои ме отпратуваат дома навечер, кога е темно“, додаде таа.
И секако, таа тврди дека е подготвена за следниот испит.
„Ќе дадам се од себе“, изјави 90-годишната жена.