Приведени тројца кумановци: Кај нив имале различни видови наркотици

Сподели со своите пријатели

Поради марихуана, прашкаста материја и таблети, вчера биле приведени три лица во Куманово во два одвоени случаи.

Loading...

– На 11.04.2022 во 15. 00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.Б.(49) и Г.Ќ.(50) од Куманово затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, истиот ден во 21.00 часот го лишиле од слобода Е.Б.(32) од Куманово затоа што кај него билe пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Никола Ивановски