Кумановец вршел трансакции со украдена платежна картичка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишен кумановец бил приведен викендов под сомнение дека вршел трансакции од туѓа платежна картичка.

Loading...

– На 09.04.2022 во 15.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека на 08.04.2022 од возило „шкода“, сопственост на С.П.(28) од Куманово, одзел платежна картичка и вршел трансакции со неа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, кај В.П. била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Никола Ивановски