КК Куманово до неверојатна победа над Работнички

Сподели со своите пријатели

На разделбата со првиот дел од Првата лига, и „преселбата“ во плеј-аут натпреварите, кумановци одиграа доста добро и доволно за да стигнат до убедлив триумф против не баш мотивираниот состав на Работнички

Loading...

За кошаркарите на Куманово 2009 овој натпревар беше далеку поважен во однос на нивниот гостин – Работнички Со оглед на тоа што се во долниот дел од табелата, и со мал број на победи, „сино-белите“ сакаа уште еден плус повеќе пред почетокот на Плеј-аут лигата, кој го дочекуваат од десеттата позиција на табелата.

И многу подобро го отворија вечерашниот дел со најтрофејната наша екипа. Во првите десет минути обезбедија солидно водство од (22:13). Во продолжението на играта, кумановци дури и го зголемија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајдено малолетното девојче од Пчиња кое беше пријавено за исчезнато

По 20.минути беа уште„ подалеку“ во однос на противникот кој играше без својот најдобар играч Едвин, водеа со високи (38:25).

Посебно интересно на овој натпревар беше и тоа што тренерот на Работнички, Игор Михајловски по подолго време се престави на екипата од неговиот роден град.

Но, како одминуваа минутите така растеше и предност на домашната екипа. Веќе во 27.минута, Куманово 2009 воеше и со (52:34). Резултат кој ја најави нивната шеста победа (имаат и 16. порази), со која на крајот од првата фаза од првенството имаат четири повеќе во однос на конкурентите (МЗТ Скопје Уни Банка 2-19, и Ангели со скор 2-20) за опстанок во друштвото на најдобрите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнат жител на Младо Нагоричане

Утре се играат и последните два натпревари од регуларниот дел од првенството. Во Битола, од 17.часот, Пелистер го пречекува ТФТ, а нешто подоцна, од 20.часот, Феникс 2010 е домаќин на екипата на МЗТ Скопје Уни Банка.

Извор: КФСМ

Loading...