Руската армија негира дека го нападнала Краматорск, велејќи дека тоа е провокација

Сподели со своите пријатели

Руската војска негираше дека истрелала ракета на железничка станица во Краматорск во источна Украина, при што според украинските власти загинале најмалку 30 лица, осудувајќи ја како „провокација“ од силите во Киев.

Loading...

Украинската железничка компанија соопшти дека најмалку 30 луѓе загинале, а повеќе од 100 се ранети во денешниот напад со две ракети на железничката станица во Краматорск во источна Украина, каде што цивилите чекале да бидат евакуирани во побезбедни делови на земјата.

 

Кој ја лансираше ракетата која усмрти 30 лица? Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат додека цивилите страдаат

 

„Сите изјави на претставниците на националистичкиот режим во Киев дека Русија извршила ракетен напад врз железничката станица во Краматорск се провокации и не одговараат на вистината“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Посебно нагласуваме дека тактичките проектили „Точка – У“ чии остатоци беа пронајдени во близина на станицата во Краматорск и (чии слики) беа објавени од очевидци, ги користат само украинските вооружени сили“, се додава во соопштението.