Британија воведува санкции за ќерките на Путин

Сподели со своите пријатели

Откако САД воведоа санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин, овој потег сега го направи и Велика Британија.

Loading...

Според Ројтерс, Велика Британија го ажурирала списокот на санкции и е најавено замрзнување на имотот на Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова.

 

Нови цели на санкциите: Кои се ќерките на Путин?

 

И Министерството за надворешни работи објави дека воведува санкции со кои се забранува патување и се замрзнува имотот на ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Луксузниот начин на живот на внатрешниот круг на Кремљ од денеска дополнително ќе биде мета, бидејќи Велика Британија ги санкционира возрасните ќерки на претседателот Владимир Путин и неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“, соопшти британското Министерство, пренесува „Гардијан“.