Девет пешаци вчера казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Девет пешаци вчера казнила полицијата во Куманово поради непочитување на сообраќајните прописи, а шестмина во Крива Паланка.

– На подрачјето на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден (06.04.2022) од 10.00 до 15.00 часот спроведена е акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 15 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 9 во Куманово и 6 во Крива Паланка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Оттаму додаваат дека, Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Првите денови топло и суво, потоа пресврт

– Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, стои во соопштението.

Никола Ивановски