Исповед на мајка: „Моето момче не сака да се грижи за нашите деца, па ме плаќа јас да го правам тоа“

Сподели со своите пријатели

– И двајцата имаме 27 години. Тој работи напорно на работа, но имаме три деца кои се под шест години, па и јас работам напорно. Ние сме како пријатели кои живеат заедно. Имаме некои проблеми, но тој мисли дека тоа е мој проблем бидејќи не сакам секс.

Loading...

Факт е дека станав ладна кон него, но тоа е затоа што тој е многу мрзлив и не ми помага со децата. Готвам, чистам и сè правам со децата сама – напишала една жена за The Sun.

Таа му предложи наизменично да се будат рано за време на викендите поради децата, но тој почна да излегува со пријателите во саботата, па затоа е премногу уморен за тоа. Кога е нејзиниот ред да се одмори во недела, а тој да се грижи за децата, тој и ги дава парите и вели дека таа да се грижи за нив.

 

 

 

Таа предложила и брачно советување, но тој и рекол да оди само таа затоа што треба да си ја врати сексуалната желба.

Loading...

– Комуникацијата ви е лоша и не се слушате. Вие ја сакате неговата поддршка во воспитувањето на децата, а тој сака повеќе секс. И двајцата треба да разберете дека треба повеќе да се цените и дека треба да си помагате. Разговарајте со него и кажете му дека не функционира вака. Вие сте исцрпени, па тој мора да ви помага со децата барем еднаш неделно за да можете да се одморите. Ако имате повеќе време за себе, можеби повторно ќе ја почувствувате страста – одговорила Дејдре.