76-годишен кумановец приведен поради кражба во деловен објект

Сподели со своите пријатели

Седумдесет и шестгодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека извршил кражба во деловен објект во Куманово.

Loading...

– На 04.04.2022 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.Т. (76) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Tој се сомничи дека извршил кражба во деловен објект на улицата „11-ти Октомври“.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец удрил со автомобил во малолетничка во Скопје