Британија не го прифати предлогот за седницата на Советот за безбедност за Буча

Сподели со своите пријатели

Велика Британија не се согласи да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во украинскиот град Буча.

Loading...

Русија денеска повторно ќе побара свикување седница за тоа прашање, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

 

Нов бран поскапувања во Австрија, цените на храната растат

 

Таа на Телеграм напиша дека Русија денеска повторно ќе побара седница на Советот за безбедност во врска со, како што наведе, „криминалните провокации на украинската армија и радикалите во тој град“, пренесува РИА Новости.

Британската мисија во ОН, која претседава со Советот за безбедност во април, објави дека Советот за безбедност во вторник ќе ја одржи претходно закажаната дискусија за Украина, а на барање на Русија нема да се состане во понеделник.

 

Loading...

Украина: Русија мобилизира уште 60.000 војници

 

Настаните во градот Буча кај Киев дополнително ги разгореа меѓусебните обвинувања на Русија и Украина, кои се во воен конфликт од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари.

Имено, украинските власти и медиумите споделија видео, наводно направено во градот Буча во Киевската област, на кое се гледаат телата на загинатите како лежат на патот.

Украина ја обвини Русија дека извршила воено злосторство во тој град, што Москва категорично го отфрла и најави истрага.

 

Нов бран поскапувања во Австрија, цените на храната растат

 

Loading...

Министерството за одбрана на Русија тврди дека сите фотографии и видеа објавени од Киев се „провокации“ и дека сите руски единици ја напуштиле Буча на 30 март.

Главниот истражител на Русија денеска нареди да започне официјална истрага за, како што се вели, „украински провокации“, откако Киев ја обвини руската армија за убиства на цивили во градот Буча.