Рекорден број на заразени луѓе во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Корона вирусот достигна рекордни бројки во Велика Британија.

Loading...

Според најновите податоци на Националната статистичка служба (ONS), едно од 13 лица во таа земја има ковид.

Би-Би-Си наведува дека тоа значи дека 4,9 милиони луѓе имаат ковид, што е зголемување во однос на неделата пред тоа, кога беше 4,3 милиони.

Претставниците на ONS велат дека ова е највисоката бројка од почетокот на регистрацијата кон крајот на април 2020 година.

Големиот број на заразени со корона делумно е последица на ширењето на високо заразниот подсој на омикрон, БА.2, но и на укинувањето на мерките, односно мешањето на човекот.

ONS спроведува случајни тестови во домаќинства низ Велика Британија, без разлика дали имаат симптоми.

Една од главните статистичари за инфекција со ковид, Кара Стил, рече дека „нивото на зараза остана високо, со најголем број во Англија и Велс, а зголемувањето е особено забележливо кај постарите лица“.