Австралија испраќа оклопни возила во Украина

Сподели со своите пријатели

Австралија ќе испрати оклопни борбени возила „Бушмастер“ во Украина за да и помогне во војната против Русија, објави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Loading...

Морисон рече дека оклопните возила ќе бидат испорачани со транспортни авиони Боинг С-17 Глоубмастер, но не прецизираше колку возила „Бушмастер“ ќе бидат испратени, ниту кога, пренесува АП.

 

Зеленски отпушти двајца припадници на службата за безбедност: „Сега немам време да се занимавам со предавници“

 

„Ние не само се молиме, ние го испраќаме нашето оружје, ја испраќаме нашата муниција, ја испраќаме нашата хуманитарна помош, нашите панцири. Сето тоа го испраќаме, а ќе ги испратиме и нашите оклопни возила, нашите „Бушмастери““, изјави Морисон, обраќајќи им се на новинарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема воена вежба на Јапонија, Јужна Кореја и САД во Источното Кинеско Море

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара оклопни возила Bushmaster додека им се обраќаше на австралиските пратеници во четвртокот.