Израелските сили денеска убија најмалку двајца Палестинци на Западниот Брег во судирите по смртоносните арапски напади со 11 убиени Израелци.
Во одделен напад, Палестинец тешко ранил патник пред да биде убиен, јавуваат агенциите.
Според палестинското Министерство за здравство, еден 17-годишен и еден 23-годишен Палестинец загинале во судирите што избувнале за време на израелска рација.
Издадени низа совети за украинските војници: Оставете го мобилниот дома
Израелската војска соопшти дека воените сили и граничната полиција влегле во бегалскиот камп Џенин за „да ги уапсат осомничените за терористичките напади“.
Во соопштението се наведува дека „за време на операцијата терористите пукаа врз нашите сили, а израелските војници возвратија со оган во кој напаѓачите беа убиени, додека еден израелски војник беше полесно ранет“.
Денеска, потсетува Ројтерс, Израелец бил избоден со нож во населбата Гуш Ецион на Западниот брег.
„Терорист нападна патник во автобус со нож. Патникот е повреден и пренесен во болница. Цивил во автобус пукал во терористот и го уби”, се вели во соопштението на израелската војска.
Издадени низа совети за украинските војници: Оставете го мобилниот дома
Палестинец уби пет лица во предградието на Тел Авив
Во вторникот, Палестинец од Џенин застрела пет лица во предградие на Тел Авив, пред да се самоубие, со што бројот на загинати во арапските напади во Израел во текот на изминатата недела се зголеми на 11.
Во неделата, на денот на израелско-арапскиот собир во јужен Израел, арапски напаѓач од северниот дел на земјата уби двајца полицајци во Хадера, град на 50 километри северно од Тел Авив. Тој исто така беше убиен, а одговорноста за нападот во Хадера ја презеде Исламската држава.
Премиерот Нафтали Бенет најави серија мерки за, како што рече, нов бран напади.
Доцна во средата, Бенет разговараше со претседателот Џо Бајден, кој, според Амбасадата на САД, „изразил најдлабоко сочувство по ужасните терористички напади“.