Иако е точно дека пенисот нема коски кои навистина би можеле да се скршат, не е невозможно да добиете повреда која ве боли како самиот ѓавол додека гениталиите се во ерекција. Фрактурата на пенисот е тешка форма на повреда која се јавува при свиткување на пенисот при ерекција, што настанува кога мембраната (лат. Tunica albuginea) ќе пукне.
Оваа состојба на пенисот често се манифестира со пукање, а доколку некој има силна болка во пределот на пенисот, која е поврзана со модринки, отоци или губење на ерекција, веднаш треба да побара лекарска помош.
Овој проблем со искинати мембрани успешно се решава со операција која трае околу еден час и се изведува под тотална анестезија. Ако не ја направите операцијата, бидејќи можеби нема да чувствувате премногу болка, мора да имате на ум дека делумно или целосно пукање на албугинската туника може да доведе до поголеми проблеми, како што се еректилна дисфункција или отстапување на пенисот.
Уролозите од Медицинскиот центар во Сиетл тврдат дека има десетици пријавени случаи на скршеници на пенисот и апелираат дека мажите во 20-тите и 30-тите се изложени на поголем ризик да ја доживеат оваа несреќа, бидејќи генерално имаат бурен и активен сексуален живот. Меѓутоа, вакви случаи се забележани и кај мажи во 40-тите и 50-тите години.