20 хектари шума изгореа во Стрезовце, низа пожари и во Куманово и во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Околу 20 хектари борова шума вчера изгореле во атарот на селото Стрезовце, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што известил командирот на Противпожарната единица од Старо Нагоричане, петмина пожарникари и двајца вработени во Шумско стопанство интервенирале во период од 13:40 до 16:30 часот.

На помош пристигнала и екипа од кумановското ТППЕ од шестмина пожарникари и две противпожарни возила.

Пожарот бил локализиран во 16:30 часот, но повторно се активирал околу 1:15 часот по полноќ. Тројца пожарникари го гаснеле цела ноќ и успеале да го ликвидираат во 06:45 часот.

Пожарникарите ов Куманово интервенирале и во атарот на селото Романовце во период од 12:10 до 12:45 часот каде горела сува трева.

Во период од 19:00 до 19:30 часот, петмина пожарникари интервенирале на опожарен стан на булеварот „Октомвриска револуција“.

Автомобил пак изгорел на улицата „Никола Тесла“. Таму интервенирале четворица пожарникари во период од 01:31 до 02:05 часот.

Никола Ивановски