Нов тренд во Шведска: Ставаат микрочипови под кожа

Сподели со своите пријатели

Шведска одлучи дека пасошот за вакцинација против Ковид ќе биде неопходен на сите настани со повеќе од 100 учесници од 1 декември, а многумина одлучуваат да ја почитуваат оваа мерка со чипирање.

Во Шведска расте бројот на луѓе кои одлучуваат да вградат микрочипови под кожа, а дополнително се одлучуваат за овој потег по најавата на оваа земја дека на сите настани ќе бара пасоши за вакцинација.

Според истражувањата, околу 6.000 луѓе во Шведска досега имаат инсталирано чип во своите раце. Оние кои имаат искуство со овој процес посочуваат дека по додавањето на имплантот за микрочип престанале да носат пасоши за вакцина, клучеви, лични карти, а чиповите можат да ги користат и за транспорт.

 

 

 

Претходно, шведски технолошки стартап смисли микрочип со големина на ориз, кој може да се имплементира под кожа и да служи како пасош за коронавирус. Уредот може да се постави да прикажува евиденција за вакцинација. Корисникот може да го користи паметниот телефон за читање податоци од микрочипот кога е во близина.

Секако, има многумина кои немаат позитивно мислење за овој тренд. Еден од најчестите аргументи што ги користат противниците на микрочиповите имплементирани во човечкото тело е дека не сакаат да бидат следени.