Што знаеме за новите моќни севернокорејски ракети?

Сподели со своите пријатели

Севернокорејските државни медиуми објавија дека ракетата истрелана од Северна Кореја во четвртокот е огромна, нова интерконтинентална балистичка ракета.

Дополнително, локалните медиуми го цитираа Ким Џонг Ун дека земјата е целосно подготвена за потенцијална војна со САД.

Со огромното тестирано оружје, американското тло теоретски би било во дострел, но сè уште постои голема неизвесност за капацитетот што го има ова оружје да носи нуклеарни боеви глави.

 

 

Си-Ен-Ен наведе се што е познато за новото оружје на Северна Кореја.

Кој е опсегот?

Севернокорејските медиуми во петокот објавија фотографии од новото оружје, кое беше лансирано од мобилна платформа за лансирање од аеродромот во Пјонгјанг.

Централната новинска агенција на Северна Кореја објави дека ракетата достигнала височина од 6.248 километри и дека прелетала на растојание од 1.090 километри и погодила цел во морето меѓу Кореја и Јапонија.

 

 

Проектилот летал 68 минути. Ова е речиси исто како и проценките објавени од Јапонија.

Ова е најголемата надморска височина и најголемото растојание кое некогаш го достигнала севернокорејска ракета за време на воени вежби.

Аналитичарите велат дека ракетата сега имала висока траекторија, но доколку била истрелана со порамна траекторија, велат тие, ќе ги имала САД на дострел.

„Северна Кореја никогаш претходно не тестирала ракета со толку голем дострел“, вели Џефри Луис, експерт за оружје.

 

 

Дали може да носи нуклеарна боева глава?

Овој проектил, Хвасонг-17, секако е доволно голем за да носи нуклеарна боева глава, дури и повеќе од нив, велат експертите.

„Ова го покажува напредокот на Северна Кореја во зголемувањето на бројот на нуклеарни боеви глави што може да ги лансира кон САД во случај на војна“, рече Луис.

Сепак, само затоа што напредуваат во нешто, не значи дека се навистина способни да го направат тоа.

 

 

Додека тестот во четвртокот го покажа можниот дострел на проектилот, експертите не знаат каков товар носел. На крајот, тежината на товарот е таа што диктира колку далеку може да лета проектилот. Без него, набљудувачите можат само да шпекулираат за опсегот.