ЕУ и САД постигнаа договор за купување гас

Сподели со своите пријатели

Европската унија (ЕУ) и САД постигнаа договор за купување на американски течен природен гас, со што би се намалила енергетската зависност на Европа од Русија.

Loading...

Договорот беше објавен за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Брисел, и по интензивните средби во седиштето на ЕУ, на кои лидерите на западните земји ја повторија поддршката за Украина во борбата против руската агресија, пренесува Гласот на Америка.

 

Новинар на Би-Би-Си влезе во Ирпин: Сè е уништено, но градот не падна

 

Руската инвазија на Украина веќе предизвика пораст на цените на енергијата и ја стави ЕУ во позиција да го намали купувањето гас од Русија.

Најавено е дека до крајот на годината европските земји ќе го намалат купувањето на руски гас за две третини и ќе купуваат повеќе од други земји, а во исто време повеќе ќе се потпираат на обновливите извори на енергија.

„САД ќе работат со сите меѓународни партнери за испорака на дополнителни количини течен природен гас на пазарот на ЕУ“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Loading...

Целта е да се обезбедат дополнителни 50 милијарди кубни метри течен нафтен гас годишно до 2030 година.

 

Руската телевизија прикажа снимка од разурнатиот град, но за се ја обвини Украина

 

Лидерите на ЕУ денеска ќе разговараат како да ги поднесат трошоците за поскапата енергија.

Шпанија, Грција и други земји бараат замрзнување на цените и интервенција на пазарот, а Холандија и Германија се против.

Контроверзно е и дали да се воведат санкции за руските енергетски извори. ЕУ купува околу 40 отсто од природниот гас од Русија и четвртина од нафтата.

Најзависна е Германија, која не сака да воведе санкции кон Русија бидејќи тоа ќе и наштети на нејзината економија.

Loading...