Без вода три локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три локации во Куманово денеска привремено ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за локациите Романовски пат (сектор муслимански гробишта), населбата Средорек  и улицата „400“ во населбата Иго Тричковиќ.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски