Русија ракетираше два објекти на украинската армија во Днепар

Сподели со своите пријатели

Руските сили истрелаа две ракети врз украинска воена единица на периферијата на реките Днепар, четвртиот по големина град во земјата, соопшти регионалната служба за итни случаи.

Loading...

Како што се наведува, во ударите доцна синоќа биле уништени објектите и предизвикани се два пожари, додека бројот на загинати и ранети сѐ уште се утврдува, пренесува Ројтерс.

 

Новинар на Би-Би-Си влезе во Ирпин: Сè е уништено, но градот не падна

 

Спасувачите денеска трагаат по преживеани во урнатините, откако две ракети погодија украинска воена единица на периферијата на градот Днепар, предизвикувајќи „сериозно уништување“, потврди на социјалните мрежи регионалниот гувернер Валентин Резниченко.

Днепар се наоѓа западно од регионот долж руската граница, која е под контрола на проруските сили од 2014 година, наведува Ројтерс.