Лебот и пецивата ќе поскапат и до 20% во Австрија, најавува претставникот на австриските пекари Јозеф Шрот.
Loading...
„Го поскапува брашното, а со тоа и лебот, лепчињата и сите пецива. Во зависност од производот, очекуваме скок на цената меѓу 10 и 20 проценти. Не можеме поинаку“, објасни Шрот за весникот „Естерајх“.
Тој рече дека значително поскапеле не само суровините, туку и енергијата.
„Морам да испечам леб и потоа да го доставам. А и таму имаме трошоци“, изјави Шрот, пренесува Танјуг.