Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина соопшти дека од почетокот на руската инвазија на Украина се убиени 135 деца, а 184 се ранети.
Loading...
Последните жртви доаѓаат од градот Рубижне во областа Луганск, каде во средата беа убиени две деца.
Зеленски: Повеќе од 2.000 украински деца се киднапирани од почетокот на војната
Вчера две деца на возраст од шест и 13 години беа повредени во областа Доњецк по руско гранатирање.
Обвинителите додадоа дека тројца тинејџери биле убиени во Обилне во областа Запорожје. Тие се пренесени во болницата во Мелитопол, каде еден е во критична состојба на интензивна нега.