Бајден: Да се исклучи Русија од Групата 20

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Русија треба да биде исклучена од членството во Групата 20 – Меѓународниот економски форум.

Loading...

Сепак, тој истакна дека не е сигурен дека тоа ќе биде изводливо поради противењето на одредени членови – како Индонезија, која е организатор на следниот собир на нејзините членови, пренесува Гласот на Америка.

 

Северна Кореја потврди дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета (ГАЛЕРИЈА)

 

Бајден престојува во главниот град на Белгија, каде што учествува на самитот на членките на Северноатлантската алијанса, Европската унија и групата седум најразвиени земји во светот.

Американскиот претседател истакна дека САД се решени да ги задржат напорите што ги прават со своите сојузници во однос на руската инвазија на Украина и да ги развијат.

„Се усогласуваме со земјите-членки на Г7 и со Европската Унија во однос на безбедноста на храната и енергијата. „НАТО никогаш не бил пообединет“, рече Бајден.

Loading...

 

Зеленски го повика Орбан да избере страна

 

Според него, рускиот претседател Владимир Путин не очекувал постигнат степен на кохезија меѓу сојузниците.

„Мислам дека Кина разбира дека иднината на нејзината економија е поблиску до Западот – отколку до Русија. Не му се заканив на претседателот Кси, туку му го посочив бројот на странски компании кои ја напуштија Русија“, рече американскиот претседател.

На прашањето како ќе реагираат САД на евентуалната руска употреба на хемиско оружје – Бајден одговори дека реакцијата ќе зависи од начинот на кој оружјето е употребено.

 

Новинар на Би-Би-Си влезе во Ирпин: Сè е уништено, но градот не падна

Loading...

 

Тој наведе и дека на средбата што ја имал бил разгледан систем со кој ќе се утврди кој ги прекршил санкциите воведени кон Русија.

Според него, бегалците се меѓународна одговорност – и САД имаат свои обврски во тој поглед.

Во текот на денот, администрацијата на американскиот претседател објави дека САД планираат да примат до 100.000 Украинци кои побегнале пред руската инвазија.