„Видов нешто на небото, пријавив сè во полиција, а потоа луѓе во црно дојдоа кај мене дома…“

Сподели со своите пријатели

Еден човек од Велика Британија, кој побарал анонимност, го споделил со медиумите на Островот своето необично искуство. Всушност две необични искуства. Сè започнало кога овој човек видел нешто чудно на небото …

– Гледам портокалова топка на небото. Наместо да падне, таа само лебдеше над земјата. Отпрвин мислев дека е хеликоптер, но потоа сфатив дека грешам – ја започнува својата приказна овој човек, учител и татко на три деца.

– Не сум од оние луди луѓе кои бараат внимание. Го видов тоа што го видов. Не ми падна на памет дека е НЛО. Кога дојдов дома, им пријавив на властите што видов. Никој не ме контактираше десет дена потоа – продолжува приказната на овој шокиран учител кој десет дена подоцна го посетиле двајца мажи .

 

 

– Ми ги покажаа личните карти и рекоа дека се од државната служба. Ме испрашуваа за тоа што го видов. Сите беа заинтересирани. Мојата точна локација, висината на која се наоѓаше објектот, неговото движење… Кога ги прашав кои се, тие само се насмеаја и излегоа од мојата куќа, кога му кажав на син ми што се случи, тој ми рече „Тато, тоа звучи како луѓе во црно“, вели човекот.

 

 

Министерството за одбрана соопшти дека тие не стојат зад посетата, но Ник Поуп, кој некогаш работел во владината Канцеларија за проучување на вонземјани и НЛО, тврди дека владата ја продолжила програмата и покрај тоа што таа беше официјално „затворена“ во 2009 година.

Човекот од приказната не дознал кој го посетил тој спорен ден и по неколку консултации со различни владини канцеларии.