Бербок: Русија може да се обиде да го дестабилизира Западен Балкан

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека Европа треба да биде внимателна затоа што, како што тврди, се залагаат Русија да го дестабилизира Западен Балкан, во време кога води војна во Украина, пренесува Асошиејтед прес.

Loading...

Бербок им рече на новинарите во Берлин дека „таквите потези и претходеа на руската воена инвазија на Украина, и покрај тоа што Москва сè уште негира дека подготвува напад“.

 

Бајден во Полска, посетата почнува во близина на границата со Украина

 

„Слична руска поддршка за сепаратистичките движења во Босна и Херцеговина, на пример, може да ги загрози интегритетот и суверенитетот на Западен Балкан“, рече Бербок по средбата со хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман.

Германскиот функционер нагласи и дека Европската унија и нејзините партнери ќе направат се што можат за да им помогнат на земјите со голем број украински бегалци, особено на Молдавија, која примила најголем број бегалци по глава на жител.

Во таа смисла, таа го потврди првиот директен лет од Молдавија до Франкфурт за денеска, со најава дека ќе има уште, наведува АП.

Loading...