Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да го продолжи дијалогот со рускиот лидер Владимир Путин и дека Франција и Европа ќе направат се што можат за да го запрат конфликтот во Украина.
„Постои неизвесност“, изјави Макрон во интервју за француската телевизија „М6“, наведувајќи дека постои можност Русија да употреби „неприфатливо“ оружје или да нападне други соседни земји, пренесува Ројтерс.
„Ние, Французите и Европејците, ќе направиме се за да ја запреме оваа војна без да влеземе во неа“, рече францускиот претседател пред самитот на западните сојузници во Брисел.
Тој го повтори својот став дека Европската унија треба да го реформира функционирањето на својот пазар на електрична енергија, чии цени во голема мера зависат од цените на увозот на гас од Русија.
Си-Ен-Ен објави детали од доверлива средба на руски и американски генерали
„Мораме да ја вратиме контролата врз нашите цени на електричната енергија со тоа што ќе ги ограничиме, ќе ги диверзифицираме нашите испораки и ќе најдеме други добавувачи на гас, особено за да бидеме помалку зависни од Русија“, рече Макрон.
Тој додаде дека Франција ќе се потруди да се справи со глобалната прехранбена криза, што веројатно е последица на овој конфликт.