Најмалку 4 мртви во руски напади со фосфорни бомби кај Луганск

Сподели со своите пријатели

Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои две деца, а шест се повредени во руските напади врз градот Рубижне, недалеку од Луганск, во источна Украина, изјави денеска гувернерот на регионот Сергеј Гајдаи.

Тој додаде дека бројот на жртвите може да биде многу поголем, обвинувајќи ги Русите дека користеле фосфорни бомби.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Други украински функционери во регионот Луганск, исто така, ги обвинија Русите за употреба на фосфорни бомби во последните денови. Овие тврдења не се потврдени.

Потсетуваме дека во првите четири недели од војната во Украина, според проценките на НАТО, загинале меѓу 7.000 и 15.000 војници.

 

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Висок функционер на НАТО изјави дека оценките на Алијансата се засновани на податоци објавени од Украина, Русија, но и информации од трети извори, пишува Гардијан.