Столтенберг: Русија со хемиско оружје може да ја контаминира и територијата на НАТО

Сподели со своите пријатели

Секоја руска употреба на хемиско оружје во напад на Украина може да доведе до контаминација на територијата на НАТО, предупреди во четвртокот генералниот секретар Јенс Столтенберг.

„Секоја употреба на хемиско оружје суштински би ја променила природата на конфликтот. Тоа би било јасно кршење на меѓународното право и би имало широко распространети и тешки последици“, рече Столтенберг пред вонредниот самит на лидерите на НАТО.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

„Сериозноста на употребата на хемиско оружје, се разбира, станува уште поочигледна знаејќи дека секогаш постои ризик од контаминација… Можеме да видиме ширење на хемиски агенси на територијата на НАТО“, рече тој.

Генералниот секретар на НАТО не кажа како НАТО ќе одговори на таков напад.

Лидерите на 30-те земји-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор во четврток наутро се собираат во седиштето на НАТО во Брисел на вонреден самит.

Столтенберг, исто така, ја опиша војната во Украина како „најсериозна безбедносна криза на една генерација“.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Сојузниците треба да направат повеќе, рече Столтенберг, додавајќи дека очекува лидерите на НАТО да се согласат да ги „забрзаат инвестициите во одбраната“.

„Денешниот состанок ќе ја покаже важноста Северна Америка и Европа заедно да се соочат со кризата.

Столтенберг додаде дека лидерите на НАТО денеска ќе разговараат и за „долгорочно ресетирање на одвраќање и одбрана“.