Русија и Украина веќе извршија две размени на затвореници, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Руското Министерство за одбрана секојдневно организира хуманитарни коридори и евакуација на цивили од украинските населби. Покрај тоа, извршена е и две размени на затвореници меѓу Русија и Украина“, рече Захарова во изјавата објавена на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.
ГРАД НА ДУХОВИ: Последни снимки од разрушениот Мариупол (ФОТО)
Таа напомена дека Европската унија ја обвинува Русија дека наводно ги користи бегалците од Украина како уште еден инструмент за притисок, испраќајќи ги во ЕУ и дека всушност властите во Киев забрануваат евакуација во Русија и насилно ги принудуваат бегалците на запад, пренесува Интерфакс.
„Многу од нив се уште сѐ обидуваат да одат во Русија, кај своите роднини, но овде земјите од ЕУ, пред се Полска, не им дозволуваат. Луѓето стануваат заложници прво во Киев, а потоа и во Брисел“, посочи Захарова.
Зеленски ја повика Јапонија да го зголеми притисокот врз Русија
Народниот правобранител за човекови права во Руската Федерација, Татјана Москалкова, на 21 март објави дека е извршена првата размена меѓу Русија и Украина – девет руски затвореници за градоначалникот на Мелитопол, Иван Федоров.