Германија бара правична распределба на украинските бегалци во Европската унија

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фајзе смета дека правичната распределба на украинските бегалци кои пристигнаа во Европската унија поради војната е апсолутен приоритет и ги повика земјите-членки да го почитуваат европскиот договор за прием на бегалци.

Тој договор, рече таа, сега мора заеднички да се имплементира и додаде дека ја поддржува поканата испратена од Франција и Полска, пренесува Хрватската радио-телевизија.

 

Украина тврди: Убивме уште еден важен руски командант

 

Полска прими повеќе од два милиони бегалци од соседна Украина.

Фајзе соопшти дека денеска повторно ќе разговара со еврокомесарот за внатрешни работи.

Германскиот министер најави и разговори за наоѓање засолниште за бегалците од Украина и во земјите надвор од ЕУ, вклучувајќи ги Канада, САД и Јапонија.

 

Украина: Напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови

 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека засега не може да се каже колку жени, деца и мажи ќе ја напуштат Украина по руската инвазија, но дека „знае дека ќе ги има многу и дека сите се добредојдени“ во Германија.