Украина: Напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови

Сподели со своите пријатели

Украинските сили тврдат дека ги задржуваат позициите на повеќе фронтови во битките со руската армија, речиси еден месец по почетокот на руската инвазија.

Loading...

Генералштабот на украинските вооружени сили во средата соопшти дека напредокот на Русија е запрен на повеќе фронтови, наведувајќи го Славјанск во областа Доњецк на југоисток.

 

ГРАД НА ДУХОВИ: Последни снимки од разрушениот Мариупол (ФОТО)

 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека хеликоптерите Ка-52 го уништиле складиштето за муниција на Украина без да прецизира локација.

Рано во средата, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека преговорите со Русија биле „многу тешки“.

– Тие се многу тешки, понекогаш скандалозни, но ние напредуваме чекор по чекор – рече украинскиот лидер, додавајќи дека преговорите се водат секој ден.

Loading...

Тој изрази надеж дека претстојните самити на Г7, НАТО и Европската унија ќе резултираат со дополнителна помош и нови санкции против Русија.

 

Полска сака да протера 45 руски дипломати

 

Тој ги предупреди пилотите на руските борбени авиони кои ја напаѓаат земјата дека правдата ќе дојде до нив.

„Ќе одговорите, вака или онака“, рече тој.

Украина тврди дека соборила стотици руски авиони од почетокот на инвазијата.