Путин ќе присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија, изјави во средата рускиот амбасадор во Индонезија, отфрлајќи ги предлозите на некои членки на Г20 дека Русија може да биде исклучена од групата.

САД и нивните западни сојузници проценуваат дали Русија треба да остане во групата од 20 главни светски економии по инвазијата на Украина, изјавија за Ројтерс извори вклучени во тие дискусии.

 

Во нападот на Украина загина син на руски политичар

 

Сепак, секој обид да се исклучи Русија веројатно ќе биде ставено на вето од некои членови на групата, тврдат изворите.

Рускиот амбасадор рече дека Путин има намера да отпатува на индонезискиот туристички остров Бали на самитот на Г20 во ноември.

– Ќе зависи од многу, многу други работи, вклучително и од ситуацијата со Ковид, која се подобрува. Тој сака да оди на самитот – рече на прес-конференцијата амбасадорката Људмила Воробјева.

 

Во нападот на Украина загина син на руски политичар

 

Запрашана за сугестиите дека Русија може да биде исклучена од Г20, таа рече дека тоа е форум за разговори на економски теми, а не за кризи како украинската.

– Се разбира, исклучувањето на Русија од форум од ваков вид нема да помогне во решавањето на овие економски проблеми. Напротив, без Русија тоа би било тешко да се направи – рече таа.

Индонезиското Министерство за надворешни работи одби да ги коментира повиците Русија да биде исклучена од Г20.

Индонезија во моментов претседава со Г20.