Киев повторно гранатиран ноќва, оштетени два квартови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските сили во текот на ноќта го гранатираа украинскиот главен град, при што беа оштетени згради во два квартови во нападите во кои беа повредени четири лица, соопшти градската управа на Киев.

Loading...

Киевските власти преку Телеграм соопштија дека трговскиот центар, зградите на приватниот сектор и високите згради во областите Свјатошински и Шевченковски се под постојано гранатирање.

 

Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

 

Предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин за да се најде „компромис“, вклучително и окупираните територии на Крим и Донбас, во вторникот остана мртва буква на хартија, според АФП.

Русите се надеваат на „поенергичен преговарачки процес, од суштинско значење“, изјави портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

 

Loading...