Во Холандија се повеќе возачи забораваат да платат на бензинска пумпа откако ќе го наполнат автомобилот. Цените на горивата се зголемија за 25 отсто во последните недели.
Се повеќе возачи одлучуваат едноставно да престанат да плаќаат гориво. Не со оставање на автомобилот и одлучување за јавен превоз, туку едноставно неплаќање по полнење на резервозарот. Во последните недели значително повеќе возачи одлучиле да си заминат по полнење гориво без плаќање.
На почетокот на годината од бензинските пумпи неделно излегуваа околу 300 возачи без да платат, а сега таа бројка во Холандија достигна од 350 до 370 возачи неделно. Некои Холанѓани едноставно повеќе не можат да си дозволат гориво што е поскапо од две евра за литар и стануваат очајни.
Освен тоа, се чини дека многу луѓе мислат дека казната за возење без плаќање гориво во некои случаи е поевтина од полн резервоар бензин или дизел. Тоа не е баш така. Полн резервоар чини околу 100 евра, додека казната за кражба на гориво во Холандија е 131 евро. Меѓутоа, ако ве фатат, не само што треба да платите казна, туку и да ја вратите целата количина од резервоарот.