Изгледа како место од друга планета: Ова езеро е толку сурово што не остава жив свет околу себе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Животот постои во некои од најекстремните средини на Земјата, од суви пустини и замрзнати тундри, до токсични отвори на дното на океанот. Но, научниците пронајдоа место каде животот никогаш не може да опстане, покажува новото истражување.

Нема живот во езерата во депресијата Далол во Етиопија, дури и на ниво на микроорганизми.

Далол е една од најекстремните средини на Земјата, неверојатно топла, солена и кисела.

 

 

Целиот простор е исполнет со мали езера и извори на исклучително кисела и солена вода, која заедно со околната почва произведува прекрасни палети на бои – зелена, жолта, портокалова и кафена.

Иако изгледа интригантно и како пејзаж од друга планета, целата област е многу негостопримлива, а воздухот е токсичен поради вулканот што се наоѓа под егзотичниот релјеф.

Езера над вулкански кратер и почва и исполнети со сол, отровни гасови и врела вода како одговор на екстремната хидротермална активност.

Дури и во зима, дневните температури на ова место можат да надминат 45 степени целзиусови.

Некои од природните базени со хиперацид и сол имаат негативни pH вредности.

 

 

Поради екстремните услови, областа отсекогаш ги фасцинирала научниците, а една од експедициите отишла во 2016 година за да види дали таму може да се развие живот.

Во таа прилика било утврдено дека во тие води има микроорганизми со големина од еден нанометар, но новото истражување, базирано на голем број тестови, го побило тоа.

– Ги отфрламе неодамнешните тврдења за живот во полиекстремните извори на Далол. Се уверивме дека нема живот во тие солени, топли и хиперкисели базени. И покрај тоа, дисперзијата на микробите на тоа место е интензивна, поради посетата на луѓето и ветрот – се наведува во истражувањето објавено во списанието „Nature, Ecology and Evolution“.