Огромна ајкула смртно нападна Италијанец во близина на Колумбија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Турист од Италија загина по напад на ајкула во близина на остров во Колумбија.

Нападот се случил во петокот на островот Исла де Сан Андрес во Карипското Море, пишуваат локалните медиуми.

Италијанецот загинал во туристичкото место Ла Писинита кога ајкулата неколку пати го каснала за десната нога. Тој бил пренесен во болницата Кларенс Линд Њубал, но изгубил премногу крв и починал.

 

 

Локалниот весник The Archipelago Press пишува дека 56-годишниот Италијанец бил нападнат од тигреста ајкула (Galeocerdo cuvier), која се смета за еден од најопасните видови ајкули. Веднаш по нападот е објавено и видео на кое се гледа ајкулата.

Овој вид ајкула вообичаено не живее во колумбиските води, но во последно време се` почесто може да се види. Локалните власти го истражуваат случајот и им порачуваат на луѓето да не се капат на таа локација.

 

https://youtu.be/_da0XS5YKOw