Помен за жртвите настрадани во НАТО бомбардирањето врз некогашна Сојузна Република Југославија, во четврток ќе се одржи во Куманово во организација на Српската заедница во македонија и Демократската партија на Србите во Македонија.
– Српска заедница во Македонија и Демократска партија на Србите во Македонија о.о. Куманово на 24. март 2022 година во 11:00, во Црквата Св. Троица во Куманово, ќе одржи традиционален помоен со палење на свеќи за жртвите пострадани во НАТО агресијата на тогашната СР Југославија, стои во соопштението на организаторите.
Инаку НАТО бомбардирањето на СР Југославија траеше од 24 март фо 10 јуни 1999 година под кодното име „Сојузничка сила“, кога САД,Кан Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада, Шпанија, Турција и Белгија ги гранатираа Србија и Косово. Бројот на цивилни жртви зинесуваше од 500 до 1.200 лица.
Никола Ивановски