Интернет-страниците на рускиот таблоид Комсомолскаја Правда беа хакирани во понеделникот, а на нив беше објавена лажна приказна за бројот на руски војници убиени во Украина, јави во вторник дописникот на московскиот весник.
Новинарот Александар Гамов изјави дека приказната за речиси 10.000 убиени руски војници е лажна и дека е отстранета по неколку минути.
Никој од 132 патници не го преживеа падот на авионот во Кина
Гамов ја објасни позадината на приказната, која ја пренесоа некои западни медиуми, откако портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека не може да го коментира инцидентот.
Убиени се речиси 10.000 Руси
Да потсетиме, московскиот таблоид поврзан со Кремљ, објави дека во инвазијата на Украина загинале 9.861 руски војник, а биле повредени 16.153.
За објавените податоци таблоидот се повика на руското Министерство за одбрана, иако Министерството јавно не ги објави таквите податоци.
Украина: Убивме 15.300 руски војници, соборивме речиси 100 авиони
Податоците беа објавени како дел од интервјуто со порпаролот на министерот за одбрана Игор Конашенков, кој рече дека „руската армија става крај на поразот на националистите од баталјонот Донбас“.
Да потсетиме, според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март загинале 498 војници.
Откако се прошири информацијата на Твитер, таблоидот од веста отстрани извадок во кој се споменуваат убиените и ранетите руски војници и остави само интервју со Конашенков.