Украина: Убивме 15.300 руски војници, соборивме речиси 100 авиони

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за одбрана објави извештај во кој се наведува дека од почетокот на инвазијата се убиени 15.300 руски војници.

Во соопштението се наведува дека Русија изгубила големо количество воена опрема, вклучувајќи 99 руски авиони, 123 хеликоптери, 1.556 оклопни транспортери и 509 тенкови.

Тие пишуваат и дека се уништени 1.000 руски возила, 252 парчиња артилерија, 45 противвоздушни системи, 80 ракетни системи и 70 цистерни со гориво.

 

 

Русија вели дека помалку војници се убиени

Претходно овој месец, руското Министерство за одбрана објави дека 498 руски војници биле убиени, а 1.597 се ранети во Украина, што е прва објава на руските власти за бројот на жртви за време на инвазијата на Украина.

Руските медиуми вчера објавија дека официјалните податоци покажуваат дека во Украина досега се убиени 9.861 руски војник. Но, набрзо ја избриша објавата наведувајќи дека се работи за неточна информација.