Зеленски: За руските војници Украина е порта кон Европа

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа.

„За руските војници, Украина е порта кон Европа, во која сакаат да пробијат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, рече Зеленски во видео-врска до италијанските пратеници, пренесува Ројтерс.

 

Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда преку видео врска ќе им се обрати на пратениците во јапонскиот парламент и ќе побара поддршка во борбата против Русија.

Говорот на Зеленски, кој се очекува да трае 10 минути, ќе биде прикажан во долниот, помоќен дом на парламентот, пренесува АП.

Зеленски веќе виртуелно се обрати пред американскиот Конгрес, како и пред пратениците на неколку европски земји и Израел.