УНХЦР: Повеќе од 3,5 милиони луѓе ја напуштија Украина поради војната

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за бегалци на ОН денеска објави дека повеќе од 3,5 милиони бегалци досега ја напуштиле Украина поради руската инвазија, пренесува АП.

 

Чад, рушевини и пустош: Објавени нови сателитски снимки од Украина (ФОТО)

 

Како што се наведува во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), од Украина досега избегале 3.528.346 лица, по почетокот на рускиот напад на 24 февруари.

Повеќе од два милиони од нив се преселиле во Полска, се додава во соопштението, пренесува АП.