Побарувачката за кондоми во Русија е зголемена бидејќи луѓето стравуваат од зголемување на цените и недостигот поради санкциите на Западот.
Британски Метро пишува дека најголемата онлајн продавница во таа земја Wildberries во однос на минатата година забележала скок во продажбата на кондоми за 170% во првите две недели од март. Зголемување од 26 отсто бележи и синџирот аптеки 36,6, а пораст од 20 отсто забележаа супермаркетите, пренесува Метро.
Брзата по кондоми беше толку голема што Министерството за индустрија и трговија на Путин беше принудено да издаде соопштение во кое негираше дека може да има проблем со набавката на кондоми.
Лудоста по кондоми се случува и покрај тоа што Reckitt, британскиот производител на Durex, најави дека ќе продолжи да работи во Русија. Јесенија Самонина, сопственичка на секс-шоп во Русија, вели дека „луѓето купуваат залихи за иднината и покрај тоа што веќе морале да ги зголемат цените“.
„Потрошувачките трошоци се зголемија до 50% во зависност од брендот“, додаде таа.
Инаку, Русија увезува 600 милиони кондоми годишно, а произведува 100 милиони. 95% од пазарот на кондоми во Русија е во сопственост на странски компании. „Англиската компанија Reckitt, која ги произведува брендовите Durex, Contex, Hussar и други, држи повеќе од 60 отсто од пазарот“, вели бизнис експертот Павел Спицаков.
Британскиот Reckitt вработува околу 1.300 луѓе во Русија и заработува околу 400 милиони фунти годишно на тој пазар. „Како што се развива ситуацијата, ние ќе продолжиме да преземаме активности и да реагираме, имајќи ја секогаш на ум грижата за нашите вработени“, се вели во соопштението на компанијата.