Војната во Украина, предизвикаа големи трошоци за живинарите во Австрија.
Покрај скапата енергија, сега не можат да бидат сигурни ниту во достапноста на храната за живина.
Исчезнал пред 10 години, а неговото тело сега е пронајдено во замрзнувач во лондонски паб
Австриските живинари затоа бараат поскапување на јајцата, бидејќи, велат, од есен ќе биде загрозена понудата на јајца.
Во соопштението тие посочуваат дека цената на јајцата останала на иста цена, додека другите намирници поскапеле во последните десет години.
Сегашната состојба, сметаат тие, ја загрозува егзистенцијата на многу селани.
– Ако не реагираме брзо, тогаш од есен ќе биде загрозено снабдувањето со јајца во Австрија – предупреди претседателот на Централното здружение на одгледувачи на живина, Франц Карлхубер.
Исчезнал пред 10 години, а неговото тело сега е пронајдено во замрзнувач во лондонски паб
Поточно, цената на производството по јајце, за сите класи, мора да се зголеми за пет центи.
Во моментов цената на производството на јајца е од 8,2 до 8,3 центи, изјави Мартин Мајрингер од Земјоделската комора на Горна Австрија.
Цената за производство на јајца од живина од слободна стока, односно без чување во кафез е 12,5 центи, а таканаречените био јајца се дури 19 центи по парче.
Градоначалникот на Бориспол ги повика цивилите да го напуштат градот
Минатата година продавниците ја покачија цената на јајцата за два до три центи по парче, но од тоа производителите добија само 0,75 центи.
Посакуваното зголемување од пет центи по јајце ги покрива дополнителните производствени трошоци, настанати со растот на цените, посочуваат од Здружението.