Проруските сепаратисти истрелуваат термобарични ракети, споделија и снимки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Проруските сепаратисти од самопрогласената Република Доњецк користат фрлач ТОС-1 кој лансира термобарични ракети, познати и како вакуум бомби, на цели во Украина, потврди Би-Би-Си.

На видеото се гледа како фрлачот се вчитува, а потоа се лансира, а првпат го објави таканаречената Народна милиција на Република Донецк.

 

 

Термобаричното оружје може да направи поголема штета од конвенционалните оружја со слична големина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот вечерта инсистираше на потребата да се сретне „во каква било форма“ со неговиот руски колега Владимир Путин за „да се запре војната“ во Украина.

„Верувам дека без оваа средба е невозможно целосно да се разбере што тие (Русите) се подготвени да направат за да ја запрат војната“, рече Зеленски за Суспилне, регионалните државни медиуми на Украина.