Минатата недела тој отпатува во воената зона со конвој од Пшемишл на полската граница и вели дека не спие веќе пет дена, пишува Мирор.
„Сите животни се под голем стрес. „Границата ја минавме благодарение на дипломатска пропусница, а редот за напуштање на Украина беше многу долг“, изјави 32-годишниот ветеринар.
„Ќе се обидеме да посвојуваме животни низ цела Европа. Веќе споивме некои мачки со нивните украински сопственици. Купивме две возила и издвоивме 12.500 фунти за едно. Животните во многу тешка состојба ќе поминат два или три месеци со нас “.
Кога имал 17 години, Јакуб основал добротворна организација за спасување животни наречена Фондација АДА, а сега ќе служи за спасување на заробените во војната.
Меѓу спасените животни се кучето Вир, кое беше погодено од куршум во ‘рбетот и џуџестата коза Саша на која и се деформирани нозете.
Младиот ветеринар вели дека тој и неговите колеги ќе се обидат да го организираат следниот конвој следната недела.
Амбициозниот план на неговата добротворна организација е да купи уште едно амбулантно возило и да ја претвори поранешната пицерија во простор за спасени животни од Украина. Треба да има и магацин со залихи на храна.
На Јауб му помагаат и луѓе од многу земји низ светот. Еден од нив е Британецот Ник Тад, кој се занимава со фотографирање на диви животни.
Тој пред две недели отпатува во Пшемишл за да волонтира во Фондацијата АДА и вели дека не планира да се врати во англискиот град Гилдфорд.
55-годишникот досега собрал 60.000 фунти за да помогне во мисиите на Џејкоб за спасување животни. Тој вели дека доколку фондацијата успее да собере доволно пари, ќе купи уште едно амбулантно возило.