Џој и Ејми Радке, двојка од градот Шекопи во Минесота, се убедени дека имаат доказ дека во нивниот дом се случуваат паранормални активности и дека претходната станарка не ја напуштила куќата и покрај тоа што таа починала.
Имено, тие тврдат дека пред некоја вечер им се појавил починатиот, а сцената наводно ја споделиле на снимката од надзорната камера.
– Кога ја изнајмивме куќата пред две години, бевме предупредени дека нешто страшно се случува во неа. И претходната станарка тврдеше дека чувствува демонски ентитети, дека ја прогонува чувството дека некој ја гледа додека спие – изјави Џој Радке и откри зошто верува дека се работи за жена која починала пред неколку години.
– Се распрашував кај соседите и дознав дека во таа куќа, поточно во спалната, починала постара жена. Додека лекарите ја вадеа, таа сè уште носеше ноќница – нагласи тој.
Со оглед на тоа дека снимката е толку неквалитетна што не докажува ништо непобитно, за момент навистина изгледа како некој со потемна коса да стои во ходникот пред спалната и облечен во бела ноќница, а мачките реагираа доста вознемирено.
Едната се сокри под масата и се загледа во таа точка, додека другиот „стратешки“ избега.